Дали Мицкоски се сретна со Груевски во Будимпешта?, прашуваат од СДСМ

by fokus 11:44
11:44

Се врати ли Мицкоски од „транзитното” патување преку Будимпешта за да одговори дали се сретнал со Груевски?, прашуваат од СДСМ по информациите дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, бил виден во Унгарија.

„ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски еден ден пред почетокот на предизборната кампања бил на “транзитно” патување преку Будимпешта. Доколку се вратил Мицкоски од “транзитното” патување преку Будимпешта треба да одговори дали се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски? Дали непосредно пред почетокот на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска? Доби ли Мицкоски нови насоки од Груевски за деструктивно делување?“, прашуваат од владејачката партија.

- Advertisements -

Претгодно порталот „Лидер“ објави дека Мицкоски бил во еднодневна посета на Виена. Од ВМРО-ДПМНЕ за „Лидер“ велат дека престојот бил од приватен карактер.

„Поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа причината за престојот е за научни цели. Инаку патувањето е со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминува исклучиво како транзитна дестинација. Вистината е дека во близина на Будимпешта (околу 40 километри после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката Бентли со струмички регистерски таблици, управувано од роднина на премиерот Заев. Веруваме дека е и изворот на тенденциозната на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта. Обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради поддршка од граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости