Пендаровски, Силјановска и Река можат повторно да се кандидираат доколку не биде постигнат цензус од 40%

by fokus

Бројката што ја имаме на избирачкиот список во ситуацијава 1.808.131 гласач е сосема реална бројка, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Има повеќе примери во светот кадешто бројката на запишани избирачи е поголема од бројката на жителите. Еден таков сличен пример е Република Грција, каде што имате запишани скоро 11 милиони гласачи, а државата има скоро толку и број на жители – додава Деркоски.

Доколку не биде постигнат цензусот од 40 отсто во вториот круг, Деркоски појаснува дека процедурите предвидуваат распишување на нови претседателски избори.

-Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно претседателот на Собранието треба да распише нови избори. На тие избори може да учествуваат и кандидатите кои сега учествувале доколку бидат поддржани од своите поддржувачи како што е сега случајот од група на избирачи или од најмалку 30 пратеници или можат да бидат други кандидати. Значи нема ограничувачки фактор во таа смисла, меѓутоа треба веднаш да се распишат и одржат изборите – вели тој.

Поврзани новости