Владата ќе го поништи тендерот за гасификација

by Fokus

Владата ќе го поништи тендерот за гасификација на Македонија. Од таму велат дека е пристигната само една понуда и согласно законот, постапката ќе биде поништена. За да може да продолжи процесот на гасификација поради оставка на претходниот претседател на Комисијата за тендерски постапки, како привремено решение на таа функција е назначен Љупчо Петкуќески, кој е советник на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Именувањето е времено решение со единствена работна задача да се финализира тендерската постапка. Владата на Република Македонија, на вчерашната седница ја разгледа и усвои информација за тендерската постапка за доделување договори за јавно приватно партнерство за финансирање, оддржување и развивање на дистрибутивен систем на природен гас во региони 1, 2, 3.“ – соопштија од владата.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од Трст порача дека Владата посветено ќе работи на гасифицирање на Македонија.

Поврзани новости