ВМРО-ДПМНЕ: Судот да им ги врати патните исправи на обвинетите

by fokus

„Владата на СДС докажа дека не е реформска влада туку антиреформска. Целата македонска јавност е сведок дека СЈО е нивна алатка и се обидува под притисок да го принуди судот да одлучува политички, против ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие побараа на лицата опфатени во случаите на Катица Јанева да им се вратат патните исправи и додаваат дека СЈО дејствува како политичка партија, наместо како правна институција.

„Судот да ги отфрли политичките барања на СЈО и да донесе одлука со која што ќе се вратат патните исправи на лицата опфатени во предметите на Катица Јанева.

Не постои опасност од бегство и нема потреба од одземање на пасошите. Со одлуката да не се изрече притвор, а да се одземат патните исправи се постигнува лажна неутралност која има директни политички импликации. Особено пред локалните избори се става во повластена позиција СДС, а политички се оцрнува ВМРО-ДПМНЕ.

Намерата на СЈО е очигледна. Тенденциозно, политички да се оцрни партијата и нејзиното раководство. Затоа СЈО бара мерки исклучиво против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се одземаат патни исправи само по партиска линија без никакви издржани аргументи. Судот е свесен дека никој нема намера да ја опструира правдата и да бега затоа што не е сторен никаков криминал. Се е политичка конструкција на СЈО/СДС“, стои во соопштението.

 

Поврзани новости