Владата им понудила решение на поранешните вработени во Еурокомпозит, за Охис нема слух

by fokus

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се сретнаа со претставници на управата на „Еурокомпозит 11 Октомври“, на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), на Синдикатот на вработените во компанијата и со претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата, со кои разговараа за евентуалните решенија за надминување на проблемите, кои се таложени со години во компанијата.

На средбата, информираат од владината прес-служба, од страна на вицепремиерот Анѓушев беше предложено решение на наследените проблеми, во согласност со Закон, за кое претставниците на синдикатот на вработените во фабриката и на поранешните вработени, на кои им престанал работниот однос во компанијата, побараа дополнително време за консултација со своите колеги.

Во изминатиот период средби со владини претставници имаа и поранешните вработени во Охис, но за нив Владата не понуди решение, туку ги препраќаше кај стечајниот судија. На овие работници Охис, кој беше во доминантна државна сопственост, а сега е во стечај, им должи по 24 плати и неисплатени придонеси.

Поврзани новости