Мицкоски: Мој личен став е дека 120 изборни едници е интересен модел

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека неговата партија се уште нема конечен став за изборниот модел, но посочи дека тој има фаворит за изборен модел.

-Постојат поеќе опции: можно е да имаме една изборна едница, можно е да имаме три, можно е да имаме шест. Ќе го анализираме сетоа ова и ќе ја запознаеме јавноста, но секако тоа што ќе го понудиме ќе биде во интерес на јавноста. Ова значи дека можеме да дискутираме и за отворени листи, да има изборен праг. Има повеќе модели за кои можеме да размислиме, мој личен став е дека 120 изборни едници е интересен модел, рече Мицкоски.

Поврзани новости