Мицкоски за средбите на Груевски со унгарски дипломати: Секој во ВМРО-ДПМНЕ има право на приватен живот

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека не знае што прави почесниот претседател Никола Груевски во Будимпешта, откако излегоа информации дека бил на тајна средба со унгарски дипломат.

-Кога зборуваме за моето обраќање во јавноста, ме советуваат немој да кажуваш не знам. Но, јас навистина не знам како да ви одговорам на ова прашање. Во рамките на структурата на ВМРО-ДПМНЕ, секој има право да има приватен живот. Груевски не учествува во носењето одлуки на партијата, иако е почесен претседател. Јас навистина никогаш не сум имал амбиции да се мешам во нивниот живот, се додека не увидам дека прави нешто неморално, рече Мицкоски.

Поврзани новости