Владата и синдикатот се блиску до договор за „историско покачување“ на платите во образованието

by Фокус

Министерството за образование и синдикатот за образование ги приближиле ставовите околу платите на наставниот кадар, но се уште не е постигнат целосен договор, кој двете страни ќе се обидат да го склучат на следната средба закажана за 11 ноември, информираше министерот Арбер Адеми.

-Има приближување и напредок во ставовите, преговорите ќе продолжат и во наредните денови, но важно е дека има приближување. Ние како влада сме максимално заинтересирани да ги подобриме ситуацијата и социјалниот статус на вработените во дејноста образование – рече Адеми.

Тој додаде дека секоја планирана мерка треба да биде реална и возможна за имплементирање.

-Сме заинтересирани за следно историско покачување на платите. Конечен договор би требало да се постигне наредните денови. И денеска ќе бидеме во комуникација со претседателот на СОНК. Има позитивни сигнали за приближување, придвижување и напредок кон постигнување на договор што би значело историско покачување во дејноста образование – најави министерот.

Напредокот во преговорите го потврди и првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, кој рече дека, сепак, има уште работа за да се постигне конечен договор со цел да не стапи на сила најавениот штрајк на просветните работници од 15 ноември.

Поврзани новости