„О2 иницијатива“ го потсети Макрадули за студентскот дом Кузман

by fokus

Заменикот-министер за животна средина, Јани Макрадули најави дека студентскиот дом Кузман Јосифоски-Питу ќе се префрли на централно греење и ќе престане загревањето на мазут.

Денеска на социјалните мрежи осамна фотографија на која од еден од оџаците на домот излегува густ чад, кој ги труе скопјани, што ја револтира јавноста.

Од „О2 иницијатива“ се револтирани поради ваквата ситуација и го потсетија Макрадули за ветените мерки на почетокот на оваа година.

Само да се потсетиме дека префрлањето од мазут на централно греење на студентскиот дом Кузман беше ветено како ПРВА…

Publiée par O2 Иницијатива sur Vendredi 1 novembre 2019

„Само да се потсетиме дека префрлањето од мазут на централно греење на студентскиот дом Кузман беше ветено како ПРВА активност која ќе се реализира во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019, од План за чист воздух. Еве го резултатот.

Незгодно барем малце да им паднеше на толку ветувања, фанфари, да не спроведеш до волку, па уште да си ветил како прва активност за годината, која еве завршува. Да се повлечеше некој од функција, да кажеше, јас сум одговорен за ова и се повлекувам. Не. Ништо. Само бла, бла, бла. Из шупљег у празно“, велат од „О2 иницијатива“.

Поврзани новости