Владата го прифати барањето на Драган Данев за олеснување на можноста МРТ да откупува права за спортски настани

by fokus

Националната радио телевизија НРТ или по старо МРТ, доби можност за полесен пристап до склучување договори за права од меѓународни спортски натпревари и настани кои претставуваат посебен јавен интерес за граѓаните, беше одлучено на денешната владина седница.

– Владата на денешната седница го прифати како свое мислењето на Министерството за информатичко општество и администрација за согласност на барањето за давање на автентично толкување на член 105 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесено од пратеникот Драган Данев, соопштија од владината прес-служба.

Оттаму посочија дека членот 105 од Законот за ААВМУ предвидува дека Националната радио телевизија (НРТ) може да остварува дополнителен приход од продажба на програма и услуги, како и од комерцијални комуникации и со барањето за автентично толкување се отвора можност на НРТ да ѝ биде олеснет пристапот за склучување договори за права од меѓународни спортски натпревари и настани кои претставуваат посебен јавен интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.

Поврзани новости