Владата донесе одлука за испраќање армиски припадници на вежба во Германија

by Fokus

Владата, по предлог на Министерството за одбрана (МО), донесе одлука за испраќање на 134 припадници на македонската армија на вежбата „SABER JUNCTION 22“ којашто ќе се одржи во Германија од 28 август до 21 септември 2022 година.

На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од МО за влез и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија, за изведување на обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови.

Поврзани новости