Владата денеска ќе одлучува како да го реши проблемот со паркингот на скопските клиники

by Fokus

Прва точка на дневен ред на денешната владина седница ќе биде како да се реши проблемот со паркингот на скопските клиники, каде што дневно циркулираат повеќе од 10.000 пациенти.

Веќе подолг период, пред главниот влез на Клиничкиот центар во Скопје владее невиден сообраќаен хаос, а уште повеќе во самиот круг на оваа најголема здравствена установа во земјава. Сликата од теренот покажува дека и натаму на улицата „Водњанска“ редовно има колона од најмалку петнаесет возила што чекаат да влезат во Клиничкиот центар. А метежот е уште поголем кога ќе се мине рампата на главниот влез.

Пациентите се жалат дека ако е ургентна состојбата, човек може да почине на само неколку метри од местото каде што треба да му се пружи прва медицинска помош.

И.М.

 

Поврзани новости