Рашковски за Фокус: Владата редовно ќе ја известува јавноста за дневниот ред и одлуките на седниците

by Фокус

Владиниот генерален секретар Драги Рашковски во изјава за Фокус најавува дека владата во иднина ќе ја известува јавноста за дневниот ред на владините сединици и точките за кои ќе се расправа, со цел, како што вели тој, нејзината работата да биде целосно отворена и доближена до граѓаните.

Иако оддржаа неколку отворени и јавни седници, сепак, работата на претходните влади на Никола Груевски не беше транспарентна, бидејќи оваа институција ниту објавуваше дневен ред на владините седници, ниту уредно известуваше за какви одлуки и акти биле донесени, како што, на пример, прави парламентот.

Имено, македонското собрание секојдневно информира за закажаните пленарни сединици и на седниците на собраниските парламентарни тела, за точките за кои се расправа, како и за содржината на законскиите предлози, разни одлуки, иницијативи и извештаи за кои пратениците дискутирале и одлучувале.

На ист начин, многу влади во регионот и пошироко јавноста ја информираат јавноста, како што тоа случај со Хрватска, каде на официјалниот сајт на хрватската влада има податоци на сите владини седници, вклучувајќи го дневниот ред на отворениот и затворениот дел, документите за кои се расправа и одлучува, па дури и аудио и видео записи.

Инаку, новата влада на Зоран Заев прави напори да го објави дневниот ред уште од денешната седница, на која ќе се дискутира за законски измени во врска со директните плаќања за поддршка на земјоделството во однос на роковите за исплати, информација за паркинг-просторот околу Клиничкиот центар, но и за кадровски прашања.

В.С.

 

Поврзани новости