Незадоволните граѓани на Валандово започнаа со блокадите, активистите бараат седница за референдум

by fokus

Активисти на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ денеска од 11 часот со земјоделска механизација ја блокираа крстосницата од регионалниот пат село Удово-Валандово-Марвинци.

Tиe во знак на протест што општинскиот Совет не го исполни нивното барање да донесе одлука за распишување референдум на кој граѓаните би се изјасниле „за“ или „против“ работа на рудникот „Казандол“ и отворање рудници на територијата на општина Валандово, денеска го блокираа регионалниот пат Удово-Валандово-Марвинци.

Од граѓанската иницијатива најавија дека блокадата ќе трае до 14 часот, а ќе продолжи и наредните денови на други локации, се до исполнување на нивното барање.

Активистите, но и повеќе од 2.000 граѓани на Валандово и околните села, во изминатиот месец собираа потписи за закажување на локален референдум на кој ќе се одлучува за отворањето на рудникот Казандол.

Спас за Валандово веднаш откако списоците беа финализирани, побара општинските власти да закажат седница на која ќе се донесе одлука за референдумско изјаснување на 9 јули. Сепак,  Претседателката на Советот на Општина Валандово, Јасминка Сечкова, не свика седница.

„Со оваа нејзина постапка само потврдува дека работи ПРОТИВ интересите на граѓаните, а со тоа го зголемува револтот и недовербата на граѓаните кон локалните власти“, изјавија од здружението.

Поврзани новости