Влада: За премиерот е нормално да го прекине одморот и за неколку часа да дојде каде што е потребно

by fokus

Откако денеска премиерот Зоран Заев го прекина одморот и стигна во беровско, од Владата велат дека премиерот е во постојана координација и комуникација со сите надлежни институции во секој момент од кризата со пожарите.

-Утрово премиерот пристигна во беровско каде заедно со министрите Шекеринска, Филипче, Шахпаска и Бочварски имаше координација со директорот на ЦУК и со градоначалниците на Берово и Пехчево.
Да се прекине одморот и за неколку часа да се пристигне на соодветна локација каде тоа го налага потребата, за премиерот е нормално и очекувано, одговорија од Владата за “Фокус” откако побаравме потврда на информацијата дека премиерот го прекинал одморот.

Набрзо Заев освен фотографии, на фејсбук и напиша дека се наоѓа во Будинарци, а и самиот за “Фокус” потврди дека е во беровско.

В.В.

Поврзани новости