Викиликс објави над 300 000 меилови од партијата на Ердоган

by fokus

И покрај многубројните хакерски напади, свиркачкиот портал „Викиликс”,  вчеравечер објави околу 300 илјади електронски пораки директно од серверот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција. Меѓу нив има и илјадници документи поврзани со отпуштањата во земјата кои се одговор за обидот за државниот удар извршен минатиот петок.

Според Викиликс, електронската пошта содржи документи за “справување со светот“, но и многу интерни, внатрешни проблеми на земјата. Викиликс наведува дека ова се само мал дел од илијадниците документи и дека укажувачкиот сајт ниту ја поддржува, ниту е против политиките на Ердоган, туку само е за вистината.

Сајтот наведува дека ова е само првиот дел од илјадниците документи кои ги поседуваат и ќе ги објават.

Пред објавувањето, Викиликс претрпе многу хакерски напади, откако соопшти дека турските владини сили ќе се обидат да го спречат објавувањето на материјалите од АКП.

Поврзани новости