(ВИДЕО) Зеленски: Дивјачки руски напад врз цивили, погоден е воз полн со патници

by irena 13:30
13:30

Најмалку 30 лица се повредени во руски напад со беспилотни летала врз железничката станица во украинскиот град Шостка во Сумиската област, потврди украинскиот претседателот Володимир Зеленски, пишува Скај њуз.

Украинскиот претседател објави на социјалната мрежа X: „Дивјачки руски напад со беспилотни летала врз железничката станица во Шостка, Сумиската област“.

„Сите служби за итни случаи се веќе на терен и почнаа да им помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се утврдуваат“, додаде тој.

„Досега знаеме за најмалку 30 повредени. Прелиминарните извештаи покажуваат дека на местото на нападот имало и персонал и патници“.

„Зарем Русите не можеле да знаат дека целат цивили. Ова е тероризам што светот нема право да го игнорира“, напиша Зеленски.

Регионалниот гувернер, Олег Григоров, изјави дека е погоден воз што се движел кон Киев и дека медицински лица и спасувачи се на местото на настанот.

И Зеленски и гувернерот објавија фотографии од местото на настанот на кои се гледа запалениот патнички вагон.

Шефицата на локалната окружна администрација, Оксана Тарасјук, изјави за украинската јавна телевизија дека во нападот се повредени околу 30 лица.

Слични вести