ВИДЕО ВМРО-ДПМНЕ: Заев му доделил државно земјиште на Анѓушев

by Fokus

Зоран Заев и Драги Рашковски на 7 ноември по пат на непосредна спогодба, или народно кажано во 4 очи, му доделиле државно земјиште на Кочо Анѓушев кој пак е сопственик на фирмата „МХИ Тополки ДООЕЛ Скопје“, изјави Павличне Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Драги Рашковски како генерален секретар лично му ја потпишал одлуката на вицепремиерот Анѓушев за доделување на земјиштето на долготраен закуп. Но она што го прави овој случај уште поскандалозен е она што ние ја запознавме јавноста уште пред извесно време, а тоа е дека се изведуваа градежни работи на земјиштето многу порано од пред да биде доделено на седница на влада – истакна Честојнова.

Поврзани новости