Австриски Телеком стана целосен газда на Оне.Вип

by fokus

Телекомуникацискиот оператор Оне.Вип е во целосна сопственост на Телком Австрија откако оваа компанија ги докупи преостанатите 45 отсто од акциите на македонскиот оператор од Телеком Словенија, објави словенечката компанија на берзата во Љубљана. Акциите се купени за 120 милиони евра.

Меѓу македонските подружници на двете компании беше договорено спојување во 2014 година. Договорот предвидуваше Телеком Австрија Групацијата да има 55 проценти и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словенија Груп да поседува 45 проценти. Договорот, исто така, вклучуваше опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словеније од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.

Телеком Австрија Групацијата котира на Виенската берза од ноември 2000 година, и претставува водечки комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа со околу 23 милиони корисници на пазарите каде што работи.

Поврзани новости