ВИДЕО Цело раководство на ВМРО – ДПМНЕ на отворање на новиот објект на Филхармонија

by fokus 21:58
21:58

Партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, денес присуствуваше на отворањето на новиот објект на Филхармонија, зграда, која според некои информации е пуштена во употреба без последните проверки на објектот.

На отварањето освен претседателот Ѓорге Иванов, премиерот во заминување Емил Димитриев и министерката за култура, Елизабета Канчевска Милеска, присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, неговиот братучед и екс директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните министри Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Зоран Ставрески. На отварањето дојде и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пратеникот Крсто Јовановски и градоначалниците со истечен мандат, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

- Advertisements -

Извор: Макфакс

Поврзани новости