(ВИДЕО) Се преврте автобус во Турција – 9 загинати и 30 повредени

by Fokus

Деветмина загинати и триесетина повредени е билансот по сообраќајната несреќа што се случи рано утринава во турската провинција Мерсин.

Како што се наведува, до несреќата дошло кога меѓуградски патнички автобус, кој сообраќал кон југоисточната провинција Мардин од областа Мармарис удрил во бариера на излезот од тунелот Саријар и се превртел на левата страна.

Според порталот „Дејли Сабах“, несреќата се случила во населбата Јеникаш на автопатот Д-400.

На местото на настанот веднаш биле испратени екипи за итни случаи, вклучително и здравствениот персонал, жандармеријата, Дирекцијата за вонредни состојби и противпожарните бригади.

Гувернерот на Мерсин, Али Хамза Пехливан соопштил дека несреќата се случила на приближно 170 километри од центарот на градот, на автопатот Мерсин – Анталија, околу 01:15 часот.

Поврзани новости