(Видео) Рој пчели го прекинаа натпреварот во Индијан Велс: тенисерите и судијата го напуштија теренот

by Fokus

Бизарна случка во четвртфиналниот дуел на Мастерсот во Индијан Велс. Пчели го нападнаа теренот, па тенисерите и судијата мораа да избегаат во соблекувалните.

Огромен рој пчели буквално го нападна Стадионот 1, камерата „пајак“ што го покрива теренот ја претворија во своја „кошница“ и ги принуди тенисерите да се повлечат.

Главниот судија Мухамед Лајани го прекина мечот, а прекинот траеше речиси два часа.

Дури откако локалниот „убиец на пчели“ Ленс Дејвис ги собра пчелите со правосмукалка и ги растера од стадионот, тенисерите се вратија и го продолжија мечот.

Остатокот од мечот мина во апсолутна доминација на Алкараз. Шпанецот го одигра најдобриот меч сезонава и го совлада Зверев за 90 минути активна игра.

Поврзани новости