(Видео) Први снимки од земјотресот на Филипини – паѓа покрив на спортска сала, населението се евакуира

by fokus

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди Минданао, вториот по големина остров на Филипините, додека во меѓувреме беше издадено предупредување за цунами. Населението е во процес на евакуација, додека на социјалните мрежи се споделуваат шокантни сцени од земјотресот.

Како што предупреди филипинскиот институт за сеизмологија, ситуацијата е сериозна и опасна, при што се дадени инструкции како жителите на овој остров да се подготват за евакуација, но и како да се однесуваат во затворени простори.

– Се очекуваат бранови високи над еден метар во деструктивно и опасно по живот цунами. Крајбрежните заедници кои може да бидат погодени мора веднаш да се евакуираат – се вели во соопштението на Институтот.

Совет за бродовите кои веќе се во морето е да останат во вода, додека засега нема информации за жртви, а некои делови немаат струја.

Како што пренесуваат некои медиуми, евакуација имало и во делови на Јапонија поради предупредувањето за цунами.

Земјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на „Огнениот прстен“, појас од вулкани што го опкружува Тихиот Океан и е подложен на сеизмичка активност.

Поврзани новости