640
Под силно полициско обезбедување денеска во Кривичниот суд Скопје, почна последното рочиште за петкратно убиство кај Смилковско eзеро на 12 април 2012 година.
За кривичното дело „тероризам” во овој судски предмет се обвинети Халил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ. Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, за овие обвинети од судот побара да име се изречат максимални казни. Додека за обвинетите Фејзи и Хаки Азири, обвинителката Фетаи, посочи дека висината на казните треба да биде до 15, односно до 9 години затвор. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.
Видеото може да го следите на овој ЛИНК