Трајанов: Јас да бев прв човек на полицијата, Мијалков немаше да избега!

by Fokus

Поранешниот прв човек на полицијата и актуелен претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов во гостување во Студио 10 на ТВ 24, порача дека доколку тој бил министер, Сашо Мијалков немало да избега.

„Хипотетички, најодговорна за бегството е Владата, треба институциите да функционираат, ако тие не функционираат, ако нема координација, јасно е. Требаше досега јавниот обвинител да отвори истрага, Судот да види дали имало пропусти, МВР треба да се преиспита, Владата да формира работна група со експерти – инаку нема кој, сите институции се партиски. Добра анализа треба и за евентуална политичката одговорност да расправа парламентот. Јас да бев прв човек на полиција немаше да избега, 100%. Има механизам има луѓе, силната партизација ја изеде државата“ – вели Трајанов.

Поврзани новости