(Видео) Пожар во големата термоцентрала во Ростов: „На видеото се гледа моментот на нападот со дрон“

by Fokus

Пожар во електраната Новочеркаск, една од најголемите во југозападна Русија, ја запре работата на два нејзини блока, што накратко го прекина снабдувањето со електрична енергија на корисниците, изјави регионалниот гувернер на Ростов, Василиј Голубов.

Голубов на „Телеграм“ објави дека нема жртви и дека властите ги истражуваат причините за пожарот. Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили уништиле 11 беспилотни летала лансирани во текот на ноќта од Украина, но не соопшти дали има било каква штета.

Информативниот канал „База Телеграм“, близок до руската полиција, објави дека пожарот во електраната бил предизвикан од украински дронови.

Ројтерс не е во можност самостојно да го потврди извештајот. Украина се уште не ги коментира овие информации.

Каналот „ЧЕКА-ОГПУ“ на „Телеграм“ сподели наводна снимка од напад со дрон врз електраната Новочеркаск, објави „Киев пост“.

Поврзани новости