ВИДЕО Османи: Почнаа подготовките за изградба на автопатот од Скопје кон ГП Блаце

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во видео обраќање ги поздрави напорите од Косово за завршување на автопатот од 55 километри што води кон граничниот премин Блаце со Република Македонија и соопшти дека се почнати подготвителните работи за проектирање и реализација и на нашиот дел од автопатот, од Скопје кон ГП Блаце во должина од 13 километри.

Во видео обраќање од автопатот во изградба во Косово, во близина на Качаничка Клисура, Османи рече дека како вицепремиер ја раководи министерската група задолжена од Владата за реализација на овој проект.

„Секретаријатот за европски прашања веќе обезбеди 1,3 милиони евра за проектирање и студија на теренот за реализација на нашиот дел од автопатот и техничките групи се веќе на терен. За овој стратешки проект многу се зборуваше во минатото, но поради многу причини, вклучително и политички, некако беше ставен во заборав”, рече Османи.

Тој додаде дека автопатиштата се важни артерии за развој на една држава, но кога спојуваат две соседни држави стануваат  „мостови на пријателство меѓу луѓето”.

Поврзани новости