Баба пријавила дека нејзиниот сопруг ја претепал, завршила во болница

by Fokus

Шеесет и тригодишна скопјанка пријавила дека нејзиниот маж ја претепал, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 14,30 часот во Полициска станица “Кисела Вода” Г.Ц.(63) од  Скопје, пријавила дека околу 09,30 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ц. На повредената и е укажана лекарска помош во Градска општа болница “Св. Наум Охридски” каде и била констатирана тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости