Видео од акцијата во која беше приведен градоначалникот на Ново Село

by fokus

Министерството за внатрешни работи објави видео од акцијата во која беа приведени пет лица за шверц на цигари, меѓу кои и градоначалникот на Ново Село, од редовите на СДСМ, Боро Стојчев.

Според полицијата синоќа во близина на село Бадилен, од страна на полициски службеници, се запрени две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари.

„Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26)  од село Ново Коњарево, биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии“, велат од полицијата.

Поврзани новости