(Видео) Напад во училиште во Германија:Ученик со нож ранил неколку соученици

by Fokus

Утрово ученик повредил неколку соученици со нож во средно училиште во Вупертал во западна Германија, пренесува Билд.

Во 9 часот и 52 минути полицијата добила повик дека ученик нападнал други ученици во гимназијата и повредил најмалку четири лица.

Напаѓачот потоа бил совладан и фатен на четвртиот кат од зградата околу 10:20 часот. И тој е повреден, а се сомнева дека повредите сам си ги нанел.

Како што се наведува, полицајците го затекнале како седи на под облеан во крв.

Засега не се знае степенот на повредите.

Полициски хеликоптер го надлетува училиштето во кое се случи нападот, а на терен се и бројни спасувачки екипи.

Засега не се знае дали имал соучесник.

Поврзани новости