Исчезна 46-годишен маж од Прилеп, семејството бара помош!

by Fokus

Александар Јошевски (46), семеен човек од Прилеп, е исчезнат од вчера. Случајот бил пријавен во полиција, а неговото семејство апелира за помош во пронаоѓањето.

Како што појаснува за ,,Фокус” неговата ќерка Ана Мариа, никогаш во минатото не се случило татко и да замине без да го извести семејството. Тој бил лице без здравствени проблеми, стабилен фамилијарен човек.

“Последен пат татко ми беше виден вчера, околу 12 часот. Се однесувал најнормално, мајка ми му кажала дека ќе оди да заврши некои обврски, а тој рекол дека ќе го запали огнот дома. Кога таа се вратила околу 13.30 часот, ниту огнот бил запален, ниту пак имало трага од татко ми. Мобилниот телефон му е исклучен од вчера, од околу 14 часот е недостапен, а со себе не носи ниту лични документи, ниту пак некоја голема сума на пари.

Сите сме загрижени, никогаш не се случило вакво нешто, тој е одговорна личност, а пред еден месец доби отказ од работа. Кога беше последен пат виден од мајка ми, со поранешен колега стоел пред двор, а колегата си заминал околу 12 часот.

Се проверуваат камери, вклучен е и дрон во потрагата, но од вчера нема никаков трага од татко ми – појаснува ќерката.

На снимките кои досега биле проверени, се гледало дека тој излегува од улицата пеш.

Кога последен пат бил забележан, Александар бил облечен во црни тренерки со бели риги, црни Најк патики и маслинасто-зелена јакна, подолга, до над колена. Висок бил околу 170 сантиметри, тежок 62 килограми, со проседа коса.

Семејството апелира доколку некој има информација во врска со случајот, да се јави на мобилниот број 078 415 362 или пак да пријави во полиција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости