(ВИДЕО) Меркел дехидрираше и се тресеше при церемонијата за пречек на украинскиот претседател

by fokus

Ангела Меркел доживеа непријатност за време на церемонијата во Берлин за пречек на новиот украински претседател Володимир Зеленскиј. На германската канцеларка и се слоши и почна да се тресе, но не сакаше да го прекине интонирањето на химните.

По завршување на интонирањето набрзина го помина црвениот тепих, ја поздрави гардата и оркестарот и влезе во зградата.

На прес конференцијата по средбата со Зеленскиј , Меркел изјави дека е добро и нема причина за загриженост.

-Од тој момент се напив најмалку три чаши вода , што очигледно ми била потребна, и сега сум многу подобро, изјави Меркел.

Поврзани новости