„Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обвинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка. Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“. Јавно на прес конференции целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ бараше реакции од Обвинителството , обвинуваа дека оваа фирма, ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби и партиски зделки“. Лично Мицкоски зборуваше за „нов голем епски криминал“ и бараше кривична одговорност. Најавуваа раскинување на договорот, ре преговарање, што ли уште не“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа вели дека „денес со истата фирма, ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал, сомнителна, и така натаму владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор. Еве го тој Договор, склучен на 19 септември 2025 година, помеѓу македонски Железници и ИРД Инженеринг вреден 55 илјади евра. Договорот е за Надзор на изведба на градежни работи за санација на делници од спроведената поедноставена отворена постапка“.

„Ова е врв на политичко лицемерие, театар за јавноста во режија на Мицкоски и ДПМНЕ. Додека јавно зборуваат за епски криминал под маса склучуваат договори со истите фирми. Како тоа сите фирми што вчера беа „сомнителни“ стануваат нивни најблиски деловни сојузници? Или ВМРО-ДПМНЕ свесно ги лажела граѓаните или сега тие се влезени во гуша до епскиот криминал, трето нема“ рече Кузеска.
Кузеска посочи дека СДСМ бара „Мицкоски јавно да излезе и да им се извини на граѓаните за сите негови лажни изјави. Николовски да одговори зошто е склучен договор со ИРД ИНженеринг“.