(ВИДЕО) Костова: Владата на Мицкоски мисли дека ќе го заташка осиромашувањето на народот

by irena 13:32
13:32

„Според последните податоци, на едно четиричлено семејство во јули му се потребни над 65.000 денари само за основни трошоци. Само за храна, им требаат речиси 24.000 денари. Тоа е повеќе од минималната плата која стои ниско во место, додека цените пробиваат плафон. За само три месеци, синдикалната кошничка е поскапа за 2.637 денари. Годишната инфлација достигна 4,5%“ рече денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ – Кристина Костова.

Вели дека „ова не се бројки на „четврта економија“, туку алармантни податоци за економија во колапс. Јасен, недвосмислен доказ за целосниот дебакл на економските политики на Владата на Христијан Мицкоски. И во вакви услови, додека народот не знае што ќе стави на трпеза, наместо да преземе мерки, Мицкоски прави весела математика со „пет типови синдикални кошнички“. Фактот дека народот нема пари не може да се сокрие со инженеринг во бројот на кошнички“.

„Владата на Мицкоски и ДПМНЕ мислат дека ќе го заташкаат осиромашувањето на народот. Тие се целосно одлепени од реалноста и јасно потврдуваат дека немаат намера да преземат никакви мерки за да им помогнат на граѓаните. Додека кошничката на Владата е полна со скапи деликатеси, папаја, манго и аспарагус, луѓето немаат ниту за основни потреби. Инфлацијата го јаде семејниот буџет, а Владата ништо не презема. Кога станува збор за функционерите, има пари, а за народот нема. Македонија е на дното по животен стандард во Европа“ рече Костова.

Слични вести