Млада девојка прегази дедо во Прилеп

by irena 13:28
13:28

МВР информира дека вчера во 18.50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул. „Нада Циривири” во Прилеп, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Е.И. од Прилеп, удрило во пешакот М.Ѓ.(81) од Прилеп.

Во несреќата, пешакот М.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп, информираа од полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Слични вести