Три возила учествувале во несреќата на скопската обиколница, има повредени и хоспитализирани лица

by irena 22:04
22:04

Поради несреќата сообраќајот на обиколницата во правец кон Тетово беше целосно во прекин, а возачите беа предупредени да ја избегнуваат оваа сообраќајница.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајната несреќа била пријавена во СВР Скопје во 19:10 часот.

„Денеска (27.11.2026) во 19:10 часот во СВР Скопје пријавена е сообраќајна незгода на обиколница ‘Мајка Тереза’ после клучка Радишани во правец кон Тетово, помеѓу три возила, ‘опел’ со скопски регистарски ознаки, ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки и ‘ауди’ со косовски регистарски ознаки“, информираат од МВР.

Според објавените информации, во несреќата има повредени лица кои се хоспитализирани.

Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.

Слични вести