2
Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, на потегот од Бутел кон Мирковци, предизвика голем сообраќаен метеж во правец кон Тетово.
Според првичните информации, колоната возила е долга околу два километри, а блокирани се клучките кај Стајковци, Радишани и Мирковци.
Се препорачува возачите да го избегнуваат блокираниот дел од обиколницата, а оние што се упатуваат кон Ѓорче Петров, Волково и Тетово да се вклучуваат преку клучката Бутел, доколку сообраќајот таму е прооден.