3
Полицијата расчисти разбојништво во казино на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, од каде на 18 ноември биле одземени 789.600 денари.
По претрес во домот на 50-годишниот Д.К., пронајдени се околу 300.000 денари, две црни фантомки и облека.
Претресот бил извршен на 26 ноември во 6 часот, со судска наредба, во домот, други простории и возилото „Тојота“ со скопски регистарски ознаки што ги користи осомничениот.
Разбојништвото било извршено на 18 ноември околу 5:55 часот, кога со закана со пиштол биле одземени 789.600 денари од казиното.
Против Д.К. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.