Левица бара Комисијата за избори и именувања да поднесе заклучок до Собранието за разрешување на претседателката на ДКСК- Татјана Димитровска, откако таа стана обвинета за одавање службена тајна и фалсификување на безбедносен сертификат, пишува Тв24.
„Иницирам Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да отпочне постапка за за утврдување на исполнетоста на условите за вршење на функцијата на претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) од страна на Татјана Димитровска, по што ќе донесе заклучок со кој: Ќе утврди дека претседателката на на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска не ги исполнува условите за претседател од член 11 на Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси, поради изречена мерка за забрана за преземање на одредени работни обврски и ќе донесе предлог за нејзино разрешување од функцијата“ – стои во иницијативата на Левица .
Левица се повикува на на условите од законот со кој Претседател на ДКСК не смее при конкурирање да му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност.
Со оглед на фактот дека се сменети условите и Димитровска има забрана за вршење дејност, како и не смее да има допир со предмети, законот е прекршен и Димитровска не смее да биде ниту антикорупционерка, ниту претседателка.
Од Левица смтаат дека ДКСК имале законска обврска да го известат Собранието за промената на условите.
„Постапката за утврдување на способноста за извршување на функцијата треба да започне поради Привремената мерка за забрана за работа која укажува на проблеми со способноста да се исполнуваат законските обврски. Според јавните информации, против претседателот на ДКСК е покренато обвинение за кривично дело, а судот му изрекол привремена мерка за забрана за вршење на работни активности, што е една од основите за избор а воедно и разрешување од функцијата“ велат од Левица.