(Видео) Британските полицајци го апсат напаѓачот во Нотингем

by Fokus

Британската полиција соопшти дека три лица се пронајдени мртви рано утринава во Нотингем и дека еден маж е уапсен.  На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа апсењето на маж осомничен за убиство.

На снимката се гледа како двајца полицајци соборуваат човек на тротоарот покрај бело комбе, чија влезна врата е отворена, пишува Daily Mail.

Центарот на градот и понатаму е опколен со десетици полициски автомобили, противпожарни возила и амбулантни возила на местото на настанот, заедно со специјалци.

Сепак, полицијата се уште се обидува да утврди што точно се случило.

Засега се претпоставува дека се работи за два поврзани инциденти во кои маж уби три лица, а потоа со комбе прегази случајни минувачи.  Еден сведок изјави за Скај њуз дека видел маж како напаѓа други луѓе со нож.

 

 

Поврзани новости