Бајден: Ќе се погрижиме за кинескиот балон

by Фокус

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, изјави дека неговата администрација „ќе се погрижи“ за наводниот кинески шпионски балон кој лебди над источниот дел на САД.

-Ќе се погрижиме за него – биле зборовите на Бајден кога новинарите го прашале дали балонот ќе биде соборен, пренесува CNN.

Американскиот претседател разговараше за опциите со воени претставници откако првпат бил информиран за балонот во вторникот.

Тогаш неговите советници предупредиле дека балонот не треба да се соборува над копно, бидејќи остатоците може да паднат врз луѓе или станбени згради.

Поврзани новости