Трамп: Нетанјаху не беше подготвен за нападот на Хамас врз Израел

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека не бил подготвен за напад на палестинската милитантна група Хамас.

„Не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А под Трамп не би морале ниту да бидат подготвени“,изјави Трамп за Фокс њуз, пренесуваат британските медиуми.

Обраќајќи им се на приврзаниците на митинг во Флорида, поранешниот американски претседател рече дека „во текот на минатата недела некои работи тргнале наопаку“.

„Мора тоа да го исправат, бидејќи се борат со потенцијално голема сила. Тие потенцијално се борат против Иран“, рече Трамп.

Поврзани новости