Вера Иванова со кривична пријава и за Зоран Милевски Кичеец

by Fokus 14:09
14:09

Поранешната сопственичка на „Диамед“, Вера Иванова ја прошири кривичната пријава што претходно ја поднесе за директорот на ФЗОМ Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче и кон Зоран Милевски-Кичеец , дознава „Фокус“ .

Таа во својата изјава преку својот адвокат тврди дека пред продажбата на компанијата на шведскиот инвеститор „Диаверум“ имала средба по барање на Кичеец во името на Дончев и од неа побарал половина од парите од продажбата.

- Advertisements -

Според Иванова, таа одговорила дека не може да ја сопре продажбата бидејќи договорите со „Диаверум“ се потпишани.

-Тогаш ми беше речено ако навистина ја зборувам вистината да има дадам половина од колачот во спротивно ќе ми го пуштат ОЈО и Финансиска полиција и ќе ми ги земат сите пари од продажбата, јас одговорив дека не доаѓа во предвид во ниту една варијанта, подоцна од медиумите дознав дека почнале истрага против мене, вели Иванова.

Министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за здравствено осигурување пред десетина дена заработија кривична пријава поради злоупотреба на нивната положба при продажбата на фирмата „Диамед“ на странската компанија „Диаверум“ во зделка вредна над 11 милиони евра.

Дончев на прес конференција тврдеше дека не било вршено никакво влијание како што тврди Иванова, туку дека само ја предупредивле шведската фирма дека имаат намера да ги испитуваат околностите под кои „Диамед“ ја добила концесијата. Според него „Диаверум“ си одлучувале самостојно, но тие ги предупредуваме дека е можно одземање на концесијата.

Поранешната сопственичка на „Диамед“ е една од осомниечните во предметот за кој Обвинителството скоро една година води истрага како биле доделувани концесиите за центрите на дијализа, што според последниот одговор за „Фокус“ е проширена за перење пари и злоупотреба на службена позиција.

Обвинителството за организиран криминал и корупција претходно го отвори случајот „Рекет“ во јули годинава, каде и Зоран Милевски-Кичеец е осомничен, а со одлука на судот пред три дена беше префрлен во домашен притвор.

С.Т.

Поврзани новости