ФОТО Угостителите сами ги уриваат дивите платформи во Охрид

by fokus

Угостителите кои имаат диви платформи на крајбрежјето на Охридско езеро почнаа денеска со нивно уривање откако ги добиле решенијата за извршување од Општината.

На сопствениците им беше даден рок од три дена по добивањето на решенијата да ги отстранат платформите во езерото, во спротивно тоа ќе го направи општината, а трошоците ќе треба да ги платат угостителите, пренесува „Охрид њуз“.

Активности се во тек во објектите Ноа, Ликвид, Далга, Кадмо, а на терен присутна е полиција и надлежен инспектор кои следат дали и како се спроведува акцијата.

Поврзани новости