Вељаноски со куса изјава по распитот: Повикан бев и се одѕвав на поканата

by fokus

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој денеска беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција, не беше расположен да одговара на новинарски прашања по распитот.

-Повикав бев се одѕвав на поканата – рече накратко Вељаноски откако излезе од зградата и се упати кон своето возило.

Тој е осомничен во истрагата на Обвинителство за упадот во Собранието на 27 април.

Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад. Во истрагата освен Вељаноски, осомичени се и екс премиерот Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски како и Никола Бошковски, вработен во УБК, а во моментот во бегство во Грција.

За Вељановски беше побаран и притвор, но Собранието не му го одзеде имунитетот.

Поврзани новости