Костадинов: Силјановска зборува за правда и фер избори, а се фотографира со лица осудени за кривични дела поврзани со изборите

by fokus

Денеска уште еднаш потврдуваме дека Силјановска е неискрена и нечесна пред граѓаните.

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска, напразно зборува за правда кога поддржана од партија чиј почесен претседател е осуден криминалец во бегство, истакна Костадин Костадинов од СДСМ.

„Силјановска напразно зборува за правда и фер избори, кога гордо се фотографира со лица осудени токму за кривични дела поврзани со изборите.

На јавно објавени фотографии, Силјановска е во друштво Славица Ангелова од Кочани, осудена за поткуп при избори и гласање за локалните избори 2017 година.

Ова е пресуда од Основниот суд во Кочани со која јасно се гледа дека Ангелова има правосилна пресуда и е осудена за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.

За каква правда зборува Силјановска кога оди низ државата, се слика и бара поддршка од лица осудени за поткуп при изборите?

Почитувани,

Сиљановска е нечесна, неискрена и лицемерн. Таа не верува ниту во сопствениот изборен слоган. Сиљановска сака само да биде новиот Ѓорге Иванов, нов послушник и извршител на нарачките од белиот дворец и секако на нарачките од лидерот и менторот од Будимпешта.

Граѓаните нема да дозволат државата да ја водат партиски послушници и лицемери како Сиљановска.

Во недела граѓаните масовно ќе го подджат концептот на правна држава предводен од Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија“, додаде Костадинов.

Поврзани новости