713
На првото празнување на Водици во Копакабана, Бразил, организирано од Македонската православна црква се случил немил настан кој сепак не фрли црна дамка на свеченоста со која чиноначалствуваше поглаварот на македонската племенска заедница господин господин Стефан. Тој не успеа да ги измоли присутните десетина илјади капачи да ги напуштат светите океански води за да може да се пристапи кон фрлање на крстот.
По неколкучасовно молење и расправање со неразумната толпа, на дедо Стефан не му преостана ништо друго, освен да го фрли крстот во казан.