760
Екипата на Вардар со пораз ја започна новата сезона во Лигата на шампионите откако на гостувањето кај Мешков Брест загуби со 24:22.
Македонскиот ракометен клуб одигра добар натпревар, но во неизвесната и драматична завршница избраниците на Стевче Алушовски сепак загубија.
Вардарци од стартот се до 40-тата минута на натпреварот имаше негатива од два гола, но тогаш успеа да дојде до израмнување од 15:15, по што прејде во водство.
Но, Вардар не успеа да ја задржи предноста, домаќините притиснаа и на крајот успеаја да слават со 24:22.