Лидерката на протестите во Белорусија обвинета за загрозување на националната безбедност

by Фокус

Белоруската лидерка на протестите Марија Колесникова, која беше приведена минатата недела, е обвинета за загрозување на националната безбедност, соопшти истражната агенција на земјата, со што и се заканува казна затвор до пет години.

Во изјавата објавена на мрежата на Телеграм, Истражниот комитет објави дека таа „учествувала во повици за акција што им штети на националните интереси на Република Белорусија“.

„Таа останува во притвор и истрагата е во тек“, се вели во соопштението.

Колесникова е близок соработник на опозицискиот лидер Светлана Тихановскаја, која минатиот месец избега во соседна Литванија.

Во Белорусија протестите се одржуваат секој ден од спорните избори пред еден месец, а минатиот викенд најмалку 100.000 луѓе излегоа на улиците на главниот град Минск.

Поврзани новости