Ванхојте на преговори со партиите и новинарите

by Фокус

Посрединкот за спроведувавање на договорот од Пржино, Питер Ванхојте, за денеска закажа средба со париите и новинарите на која ќе се разговара за Законот на медиуми. Работните групи составени од политичките партии се договориле да се направат реформи во Македонската телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, измени во Законот за медиуми, како и за промени во Македонската информативна агенција (МИА).

Ќе се менува и Изборниот законик околу забраната за владино рекламирање при што ќе им се забрани  на медиумите да донираат на партиите, а ќе се променат и правилата за донации од фирми или поединци.

После денешната средба, истиот состав ќе се сретне и наредниот четвртокот, а преговорите за Законот за медиуми и слични прашања поврзани со медиумите треба да бидат завршени до 20 ноември, кога треба да бидат донесени конкретни одлуки.

Поврзани новости